Дома Видео Навивач влета на терен и удри играч, фудбалерот не му остана должен 🎥

Навивач влета на терен и удри играч, фудбалерот не му остана должен 🎥

Пред почетокот на натпреварот од четвртото коло во првенството на Колумбија помеѓу Депортес Толиме и Милионариос навивач втрча на терен и од зад грб го удри играчот нагостински Даниел Катања.

Изненадениот фудбалер на Милионариос не му остана должен, трчаше по напаѓачот и му го турна на теренот. По ваквиот инцидент одлучено беше натпреварот да се одложи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Наш приоритет е сигурноста на играчите и членовите на стручниот штаб, како и безбедноста на сите учесници во спортскиот настан. Чинот на насилство мора да се осуди. Превземени се сите превентивни мерки за да се намалат ризиците во текот на натпреварите“, порачаа од Милионариос.

„Депортес ги отфрлува сите провокации, агресија или реакција од било кој вид која доведува до насилство во фудбалот. Благодарение на надлежните преземени се сите мерки и ситуацијата се стави под контрола. Исто така т.н навивач е уапсен и ќе си ја добие заслужената казна“, наведуваат од таборот на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дончиќ дели и „банани“: Го „залепи“ најдобриот играч на Оклахома 🎥

Екипата на Далас Маверикс изминатата вечер славеше победа против Охлахома и така дојде до …