Во вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Уругвај внимание привлече прекинот во 51. минута кога на теренот втрча навивач со ЛГБТ знаме, но и маица со која испрати порака за „спас на Украина“, но и бараше правда за жените во Иран.
Денес е објавено дека станува збор за италијански фудбалер по име Марио Фери (35). Интересно е што тој играше во Конференциската лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент тој настапува за нисколигашот Кастел Ди Сангера, но на почетокот на оваа сезона играше за Тре Фиори од Сан Марино и со оваа екипа стигна до квалификациите за Конференциската лига каде што доживеаа елиминација од Фола Еш од Луксембург.
Треба да се знае дека ова не е првпат да прекине натпревар, истрча на теренот и пред 12 години на Мундијалот во Јужна Африка во полуфиналето помеѓу Германија и Шпанија.