Дома Фудбал Навивачите ја „срушија“ страницата на Борусија поради новиот ретро дрес

Навивачите ја „срушија“ страницата на Борусија поради новиот ретро дрес

Фудбалерите на Борусија Дортмунд за викендот на свој терен го победија Вердер со 4:1, а во центарот на вниманието беа дресовите со кои играше домашниот тим.

„Пума“ одлучи да припреми посебни дресови за германскиот тим пред овој натпревар, а инспирација беа дресовите на Дортмунд од 90-тите години.

Навивачите на Борусија овој дрес најмногу ги потсетува на 1997 година кога „милионерите“ беа шампиони на Европа. Тогаш Борусија во финалето го победи Јувентус со 3:1.

Дека „Пума“ заврши одлична работа покажува и тоа што оваа колекција дресови беше распродадена за само еден ден.

Вчера Борусија објави дека повеќе од 150.000 нивни навивачи се обидувале во ист момент да го нарачаат дресот, па поради тоа страната и „паднала“. Клубот соопшти дека дресо е распродаден и се извини за техничките проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…