Дома Трансфер зона Навивачите разочарани – Венгер со „истрошен“ фудбалер го затвора преодниот рок?

Навивачите разочарани – Венгер со „истрошен“ фудбалер го затвора преодниот рок?

„Топџиите“ и Арсен  Венгер во овие момент се во центарот на вниманието.

Навивачите се разочарани, бараат смена на Венгер, а врв на лошите случувања во последениот период стави Алексис Санчез кој побара дозвола да го напушти клубот, а за неговите услуги голем интерес покажа Манчестер Јунајтед. Венгер на масата има понуда во која е вклучен и Рахим Стерлинг, многумина сметаат дека треба да ја прифати, но во меѓувреме Венгер повторно негативно ги изненади фановите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наводно, голема желба на Венгер е фудбалерот на ВБА Џони Еванс кој во Арсенал би пристигнал како замена за Шкодран Мустафи.

Манчестер Сити и  веќе покажаа интерес за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Но, од ВБА бараат 30 милиони евра, а јасно е дека тоа е превисока сума.

Еванс никогаш не покажа дека голем дефанзивец, поради тоа и го напушти Манчестер Јунајтед и преминаво ВБА, но сега би можел да се врати на „голема“ врата во редовите на Арсенал.

Навивачите на „топџиите“ во никој не случај не се задоволни од новата желба на Венгер и веројатно ќе продолжат барањата за негова смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …