Дома Фудбал Англија Навивачите не се глупави, знаат дека не сум како кога имав 16…

Навивачите не се глупави, знаат дека не сум како кога имав 16…

Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни истакна дека не се вратил во клубот за да ја забави својата кариера.

Руни ова лето по 13 години минати во Манчестер Јунајтед се врати во матичниот Евертон. Веќе во првото коло од ПЛ Руни беше стрелец на победничкиот погодок против Стоук.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Големи беа очекувањата кога се враќав, иако некои мислеа дека веќе не сум доволно добар, но ќе им докажам дека не се во право“, истакна Руни и додаде:

„Работам напорно и подготвен сум за предизвици кои се пред мене. Не дојдов овде да застанам. Ќе бидам најдобар“.

Некогашниот капитен на Англија тврди дека е попаметен од порано.

„Навивачите не се глупави, знаат дека не сум експлозивен како кога имав 16 или 18 години, но сум многу попаметен од тогаш. Мојата игра се промени, но таа промена може да и помогне на екипата“, заклучи Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…