Дома Топ вести Навивачите незадоволни – Ќе се исполнат ли најавите за СУПЕР ѕвезда?

Навивачите незадоволни – Ќе се исполнат ли најавите за СУПЕР ѕвезда?

Преодниот рок за сега е разочарувачки, финансискиот фер плеј е во прв план, но парите за едно големо засилување се спремни. Сепак дали метите се нереални?

Навивачите на Интер и понатаму се незадоволни од преодниот рок, а кога на тоа ќе се додаде и распоредот на стартот на првенството и имаат право. Како што е познато, Спалети бара четири или пет засилувања, проблем е финансискиот фер плеј, но сопствениците на клубот ветија една голема ѕвезда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓



Не се откажуваат од Артуро Видал, иако Анчелоти им порача да заборават на Чилеанецот. Но кога подобро ќе се размисли за Баерн можеби подобро е да прифати 50 милиони евра. Видал има веќе има повеќе од 30 години, па доколку го продадат за сумата која споменавме не само што би го вратиле вложеното туку и би заработиле.

Но, Германците не размислуваат така.


За Интер во овој момент полесна мета е Анхел Ди Марија од ПСЖ кои Французите доколку го доведуваат Нејмар, веројатно ќе бидат приморани да го продадат поради неговата плата.

Сепак и тука има проблем, Ди Марија во Париз добива 9.5 милиони евра по сезона. Интер секако дека во овој момент не може да му понуди толкава плата.

Како и да е…Времето минува, навивачите се нетрпеливи, пристигнаа само Борха Валеро и Шкринар, на Спалети му се потребни лидери на средината од теренот.Навивачите очекува повеќе, но сеуште има време, но сигурно Кинезите на Интер нема да вложат ниту половина од сумата која ја вложи нивниот градски ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …