Дома Трансфер зона Навивачите на Јувентус НЕ сакаат да слушнат за враќање на Бонучи!

Навивачите на Јувентус НЕ сакаат да слушнат за враќање на Бонучи!

bonucci

Навивачите на Јувентус веќе спречија преговори со Ибрахимвоиќ пред една година, како и доаѓање на Дејан Станковиќ….

Можност постои, она што на почетокот изгледаше како неверојатна вест, подоцна беше потврдено. Леонардо Бонучи сака да се врати во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гатузо неодамна самиот истакна дека капитенот сака да замине, а можноста за враќање во Јувентус се појавија при контактот на двата клуба за Игуаин.

Челзи се уште не испратил понуда за „Пипита“, Милан сака да го види во своите редови. „Росонерите“ во таков случај би се ослободиле од Бонучи и неговата плата, а би добиле центрфор кој сака да остане во Италија.

Милан би доплатил уште 25 милиони евра и сигурно дека Игуаин би бил најсилното засилување за овој клуб во последните неколку години.

Навивачите на Јувентус веќе во спроведените анкети се изјаснија против ваквиот трансфер. Имено, иако Бонучи беше сосема коректен по заминување, неговото доаѓање со Милан во Торино беше испратено со свирежи. Дополнително Бонучи го навлече гневот на навивачите со постигнатиот гол кој одлучи жестоко да го прослави.

Сепак, јасно дека ако Алегри поради кој Бонучи замина се согласи, Јуве ќе го врати Бонучи, без оглед на навивачите.

Но треба да се потсетиме дека навивачите во минатото спречија да бидат започнати преговори за враќање на Ибрахимовиќ, како и трансферот на Дејан Станковиќ пред крајот на минатата деценија, сепак тој потег (за Станковиќ) се покажа како погрешен.

Како и да е расплетот околу Бонучи ќе го дознаеме во наредните денови…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…