Кристиано Роналдо денеска и официјално ќе стане нов играч на Јувентус, но и навивачите од Торино со желни за уште добри вести.
Роналдо ќе заработува 30 милиони евра по сезона и денеска, откако ќе завршат лекарските прегледи, ќе потпише за „Старата дама“. Неговото доаѓање предизвика ерупција на ентузијазам кај навивачите, но тоа не е се. Наводно, во Торино ќе пристигне и поранешниот тренер на Роналдо, Зинедин Зидан, кој неодамна даде отказ од клупата на Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според пишувањето на некои шпански медиуми, Јувентус го повикал Зидан и сака во своите редови да ги спои Португалецот и Французинот кој своевремено го носеше дресот на „Старата дама“. Зидан има и многу повеќе понуди, но сигурно дека нема намера така брзо да го напушти европското тло, а да го води Јувентус сигурно и за него би била голема чест.