Голгетерот Ерлинг Халанд е избран за играч на сезоната од страна на навивачите на Манчестер сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Халанд во првата сезона за „граѓаните“ постигна 52 гола во сите натпреварувања, најмногу од кој било играч во топ 5 лигите.
Напаѓачот на Манчестер Сити стана најдобар стрелец во Премиерлигата и Лигата на шампиони, па заслужено беше избран за играч на сезоната.
Второто место му припадна на Кевин Де Брајне, кој претходно четири години ја освојуваше наградата.