Екипата на Рома во јануарскиот преоден рок би можела да остане без услугите на еден од своите најдобри фудбалери, Ченгиз Ундер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Турскиот фудбалер пристигна пред нешто повеќе од една година, но веќе во јануари би можел да ја напушти „волчицата“.
Ундер игра одличен фудбал и во последно време интерес за него покажале повеќе европски гиганти, засега се откриваат имињата на Арсенал, Манчестер Јунајтеди Барселона.
„Кориере дело Спорт“ објаснува дека Арсенал и Манчестер Сити се обидувале да го доведат уште во текот на летото, но Рома останала упорна да го задржи во своите редови.
Ако Ундер ја напушти Рома сумата воопшто не би била ниска и може да изнесува околу 50 милиони евра.
Ундер во актуелната сезона одигра 10 натпревари, постигна четири погодоци и запиша четири асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=kg6vrpi8u6I