Дома Фудбал Навивачите на Реал Мадрид ги избраа засилувањата: Ова се нивните желби

Навивачите на Реал Мадрид ги избраа засилувањата: Ова се нивните желби

Навивачите на Реал Мадрид сакаат да видат неколку нови фудбалери во својот тим.

После очајната сезона во која многу веројатно ќе останат без трофеј, очекувањата за следната се големи и навивачите имаат листа на желби од фудбалери кои би сакале да ги видат во тимот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Марка“ така направи анкета во која учествуваа преку 200.000 луѓе, а апсолутен победник во оваа анкета беше Килијан Мбапе.

Реал Мадрид покажува одреден интерес за Мбапе. Наводно „кралевите“ се спремни да го срушат светскиот рекорд за да го доведат, а дури 79% од навивачите Мбапе го гледаат како идеално засилување за Реал.

Мбапе едноставно нема конкуренција, ниту еден друг фудбалер не помиан ниту 10%, иако во конкуренција беа Нејмар и Хари Кејн.

Исто така се избираа и засилувања по позиции. Дефанзивецот на Ајакс, Матијас Де Лихт 70% од навивачите сакаат да го видат како засилување во одбраната, а интересно е што за позицијата лев бек најмногу гласови доби Маркос Алонсо пред Давид Алаба од Баерн.

Пол Погба ја победи конкуренцијата во средниот ред, а на позицијата плејмејкер асполутен победник е Еден Азар кој доби 70% од гласовите.

Токму Азар засега изгледа како најрелна опција за засилување на Реал Мадрид кога во прашање се големите имиња. Ќе потсетиме Реал неодамна го обезбеди потписот на дефанзивецот на Порто, Еден Милитао за сума од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шевченко воведува револуција во Украина: Судиите ќе се тестираат на полиграф

Во последно време во фудбалскиот свет се менуваат многу работи со цел грешките на судиите …