Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи беше казнет со 10.000 евра поради нападот врз секретарот на Интер по голот на Санчез во италијанскиот Суперкуп.
Бонучи се спремаше да влезе во игра како еден од изведувачите на пенали, но Санчез постигна гол во 121. минута и донесе победа за Интер. Тогаш наводно поради провокација Бонучи го нападнало секретарот на Интер Моцило кој стоеше покрај него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со тој потег разбирливо го навлече и бесот на навивачите на Интер. Фановите на „нероаѕурите“ тоа го покажаа со транспарент на кој напишаа: Бонучи подли идиот.
✍ "#Bonucci vile cretino": l'attacco dei tifosi dell'#Inter dopo lo scontro con il segretario #Mozzillo pic.twitter.com/VPvY0BMzUs
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) January 15, 2022