Златан Ибрахимовиќ предзивика голем гнев кај навивачите на Малме откако одлучи да инвестира пари во друг шведски клуб, Хамарби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендата на шведскиот фудбал купи 25% од акциите за овој клуб и поради тоа навивачите на Малме го прогласија за предавник.
„Златан го изгуби своето значење во Малме. Мисли дека ќе бидеме среќни со она што го направи. Не сме. Неговата статуа повеќе ништо не значи затоаш то тој сака друг клуб да биде подобар од оној кој го создаде. Тој сега е само играч кој беше продаден за 80 милиони круни“, соопштија навивачите на Малме.
Изминатата ноќ беше и оштетена статуата на Ибрахимовиќ.

