Во рамките од квалфикациите за Светското првенство Русија репрезентацијата на Шпанија ја совлада Албанија со резултат 3:0, во овој натпревар во центарот на вниманието повторно беше Жерар Пике.
Добро познато е дека Шпанците бараа исфрлување на Пике од репрезентацијата на Шпанија поради неговите залагања за Каталонија да добие независност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вчерашниот натпревар искусниот дефанзивец беше заменет после еден час игра, а на негово место влезе фудбалерот на Реал Мадрид, Начо. При напуштањето Пике доби силни свирежи од навивачите, но сепак тој ги поздрави и им возврати со аплауз.
Но, интересна беше и изјавата на тренерот Лоптеги кој пред неколку дена застана во одбрана на Пике.
„Нашите навивачи беа навистина одлични. Тие ги истакнуваат позитивните работи кои се случуваат во нашиот фудбал, но и во нашата држава. Додека ние истите дори работи мораме да ги прославиме и го сторивме тоа во соблекувалната“, истакна селекторот на репрезентацијата на Шпанија.