Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш неочекувано доби едно изненадувачко признание. Имено, тој е избран за најиртантен играч во Премиер лигата.
Анкетата беше организирана од британска обложувалница која праша над 1.000 фанови на различни клубови од Англија кого го сметаат за најфрустрирачки играч со своето однесување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголем дел од испитаниците, дури 25% одговориле Фернандеш. Интересно е што на третото место се најде уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони. За Антони гласале само 12%.
Помеѓу двајцата фудбалери на „црвените ѓаволи“ место доби Џек Грилиш од градскиот ривал со 20% од вкупните гласови. На листата потоа следат Џордан Пикфорд со 11%, Ричарлисон со 7% и Енди Робертсон со 6%.