„Специјалниот“ со ваквиот потег покажа дека сите сили ќе ги насочи кон финалето од ФА Купот кое неговиот тим го игра следниот викенд.
Жозе Мурињо потврди дека во последното коло од Премиер лигата ќе игра со играчи кои оваа сезона не беа во прв план.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во минатото коло против Вест Хем одигра 0:0 и така ја потврди втората позиција, па Мурињо може да си дозволи да одмори некои од клучните играчи пред финалето од ФА Купот наредниот викенд каде што ги чека Челзи.
„Ромеро ќе брани во недела, тоа тој го заслужува, а одредени играчи ќе добијат одмор. Пред нас е финалето од ФА Купот наредиот викенд. Нормално е Мајкл Керик да ја предводи екипата како капитен на „Олд Трафорд“ за последен пат“.
„Де Геа ќе добие одмор, Рашфорд и Марсијал одмараа, а покрај нив ќе играат уште Блин, Бејли и Хуан Мата. Не можам да сметам само на Лукаку и Фелаини“, изјави Мурињо.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Вотфорд се игра во недела со почеток во 16:00 часот.