Жозе Мурињо не пропушти после голот на Бејл да испрати мала провокација до Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Герет Бејл неславно ја заврши епизодата на „Бенабеу“ и во последниот преоден рок одлучи да се врати во Тотенхем. Бејл полека влегува во натпреварувачка форма.
Мурињо по вчерашната победа во која Бејл постигна и гол го пофали Велшанецот и испрати провокација до Мадрид.
„Среќен сум за Бејл и неговиот гол. Ќе одвојам пет минути од моето време да видма што за него сега ќе пишуваат во Мадрид. Тој знае дека тука е добредојден и перфектно влегува во тимот“, изјави португалскиот тренер.