Дома Фудбал Англија Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Мурињо ја потврди лошата вест: Мора да оди на операција!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе мора да замине на операција по хроничната повреда на скочниот зглоб, потврди Жозе Мурињо.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста нема настап за „црвените ѓаволи“ од 5-ти ноември, а операцијата ќе значи отсуство од терените уште најмалку два месеци.

„Одлуката е донесена, Баи ќе оди на операција. Не би рекол дека е крај на сезоната за него, но во секој случај ќе паузира најмалку два-три месеци“, потврди Мурињо.

Ова сигурно е голем удар за „црвените ѓаволи“ бидејќи Баи е најдобриот дефанзивец кој Мурињо го има во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мартинез сака да ја подобри формата на Леверкузен на гости

Баер Леверкузен се надева на прва гостинска победа во Бундеслигата оваа сезона против Мајн…