Дома Трансфер зона Мурињо ја купува ѕвездата на Рома

Мурињо ја купува ѕвездата на Рома

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот за врска на Рома и италијански репрезентативец, Лоренцо Пелегрини, пренесуваат англиските медиуми.

Италијанецот има откупна клаузула во договорот од 30 милиони евра, а Мурињо е спремен да ја плати уште во зимскиот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на Пелегрини и го искушуваат играчот со двојно поголема плата.

Неговиот агент Џакомо Почето престојувал во Лондон поради преговорите со Јунајтед, а според информациите успеал да договори дуплирање на платата која што Пелегрини сега ја заработува во Рим.

Рома му нуди нов договор во кој ќе стави повисока откупна клаузула, но доколку играчот одбие да потпише нов договор, тогаш „волчицата“ ќе биде немоќна да го запре овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа…