Дома Фудбал Англија Мурињо: Шпекулирајте за други позиции, напаѓач не ми е потребен

Мурињо: Шпекулирајте за други позиции, напаѓач не ми е потребен

Англиските меидуми во последните денови Манчестер Јунајтед го поврзуваа со синот на легендарниот Патрик Клајверт.

Младиот, Џастин оваа сезона настапува за Ајакс и постигна пет погодоци на 17 настапи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мурињо имаше и разговор со овој фудбалер после финалето во Лигата на Европа во кое Манчестер Јунајтед го совлада Ајакас.

„Те сакам тебе. Ти си посебен. Уште една сезони и ќе дојдеш во Манчестер. Заедно ќе испишуваме историја. Се гледаме во 2018“, му зброувал тогаш Мурињо на младиот Клајверт.

Од тие моменти се до пред неколку дена не се пишуваше ништо за овој трансфер, но сега според изјавите на фудбалерот, но и Мурињо работата е далеку од завршена.

„Мали се шансите да преминам во Јунајтед. Знам колку и вие, секогаш има гласини, но Манчестер Јунајтед никогаш не ме контактирал“, демантираше Клајверт.

Од друга страна Мурињо порача дека сега напаѓач не му е потребен.

„Не зборувам за напаѓачите зошто не ми се потребни, задоволен сум со она што го имам. Ако сакате да шпекулирате за летото, обидете се со други позиции“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…