Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не пропушти шанса да го „пецне“ неговиот наследник Оле Гунер Солскјер.
Манчестер Јунајтед игра многу лошо оваа сезона и се наоѓа на средината на табелата, а Мурињо го обвини Солскјер за нефокусираност на актуелната состојба на тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Многу сакам да си најдам работа како Солскјер. Тригодишен договор и ќе си повторувам, иднината, младите играчи и така натаму. Тој коментира само за иднината откога дојде во Јунајтед“, порача Мурињо.
Јасно е дека Мурињо и понатаму е незадоволен што доби отказ во Манчестер Јунајтед. Тој вчера дојде на „Олд Трафорд“ за големото дерби и со голем аплауз од страна на домашните навивачи.