Дома Трансфер зона Мурињо тргнува по играчот кој не успеа да го доведе во Манчестер Јунајтед?

Мурињо тргнува по играчот кој не успеа да го доведе во Манчестер Јунајтед?

Mурињо не успеа да го доведе Иван Перишиќ во Манчестер Јунајтед, а сега ќе се обиде тоа да го направи на клупата на Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот стратег е некој кој посебно го сака хрватскиот репрезентативец и го следеше долго време, па сега повторно ќе се обиде да го доведе.

Верува Мурињо дека Интер ќе го пушти хрватскиот фудбалер кој не добива доволно минутажа кај Антонио Конте. Се очекува Интер да не бара голема оштета, па Тотенхем не би требало да има проблем.

Инаку, Мурињо во Перишиќ гледа некој кој ќе биде конкуренција на Сон Хеунг Мин на позицијата лев крилен напаѓач.

Кога како тренер на Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе Перишиќ Интер бараше повеќе од 50 милиони евра и тоа беше премногу за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…