Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека неговиот клуб не го слави второто место на табелата во Премиер лигата.
Јунајтед сезоната ќе ја заврши на четири позиции подобро место и девет бодови повеќе од минатата сезона, но на „Олд Трафорд“ не се задоволни бидејќи гледаат во грбот на градскиот ривал Сити, новиот шампион на Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се чуствувам во ред бидејќи сме втори, но не скокам од среќа. Тоа не е во мојата природа. Ниту во природата на Манчестер Јунајтед. Не ја славиме втората позиција, но среќни сме бидејќи пред неколку месеци сфативме дека не можеме да ја освоиме титулата, па нашата цел беше втората позиција“, изјави Мурињо.
„Ѓаволите“ во вчерашниот натпревар ремизираа против Вест Хем во Лондон без голови, а во последното коло во недела го дочекуваат Вотфорд.
„Пласманот помеѓу најдобрите четири (место во ЛШ) очигледно е голема работа, но подобро е да се заврши втор, отколку четврт. Овие момци заслужија да бидат вицешампиони што и не е лошо во ваква ситуација“, заврши Мурињо.