Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид Рафаел Варан, пренесуваат англиските медиуми.
Од „Олд Трафорд“ се подготвени да платат 50 милиони фунти за потписот на 24-годишниот дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот Варан призна дека контактирал со претставници на англискиот клуб, а извори блиски до фудбалерот тврдат дека е отворен за преселба на „Олд Трафорд“.
Французинот има договор со Реал до јуни 2022 година, а во оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања.
Варан пристигна во Мадрид токму по барање на Мурињо и Португалецот до сега имаше неколку обиди да го донесе во Премиер лигата.
Manchester United are considering a summer move for Real Madrid defender Raphaël Varane, who they value at £50m. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/c6DQgKOXHn
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 22, 2018
Доведување на врвен централен дефанзивец е приоритет на Манчестер Јунајтед, па доколку не успее да го реализира трансферот на Варан, ќе се насочи кон Умтити од Барселона.