Дома Трансфер зона Мурињо спреми понуда за ѕвездата на Тотенхем

Мурињо спреми понуда за ѕвездата на Тотенхем

Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз, а сега „црвените ѓаволи“ веќе спремаат понуда.

Мурињо е спремен во понудата покрај 40 милиони фунти да го вклучи и Лук Шо за да го убеди Покетино да го пушти левиот бек.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Самиот Роуз, кој имаше тешка сезона поради повредите и беше истиснат од првиот тим, сака да го напушти Тотенхем. Според медиумите на Островот, Шо исто нема иднина на „Олд Трафорд“ поради неговиот лош однос со Жозе Мурињо.

Шо и Покетино пак работеа заедно 18 месеци во Саутемптон, а самиот фудбалер не крие дека со задоволство би играл повторно во тим, предводен од Аргентинецот.

„Тој ме тераше да се чувствувам како најдобар. Се надевам дека еден ден повторно ќе можам да работам со него, и мислам дека би сакал повторно да играм под негово раководство“, изјави неодамна Шо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…