Дома Фудбал Останато Мурињо: Сите знаат кој е Роналдо, но знаат и што претставува Реал Мадрид

Мурињо: Сите знаат кој е Роналдо, но знаат и што претставува Реал Мадрид

Славниот португалски тренер, Жозе Мурињо го прокоментира трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ќе потсетиме, Кристиано Роналдо неодамна за сума 105 милиони евра која ќе биде платена на две рати направи трансфер во Јувентус.

Многумина сметаат Роналдо кој е и официјално најдобар фудбалер за оваа година ќе му недостасува на Реал Мадрид, но Мурињо не е еден од нив.

„Сите знаат кој е Кристиано Роналдо, но исто така сите знаат што претставува Реал Мадрид. Секако дека ќе ви недостасува играч како Роналдо, но Реал Мадрид е поголем од било кој играч и може да се носи со таквата ситуација“, изјави Мурињо и потоа му посака среќа на Лопатеги.

„Му посакувам многу среќа. Го знам 21-22 година. Тој е добар човек и добар тренер“, заврши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…