Дома Топ вести Мурињо се потсети на Суперкупот во Македонија: Скопје беше во еуфорија со денови

Мурињо се потсети на Суперкупот во Македонија: Скопје беше во еуфорија со денови

Жозе Мурињо е блиску да испише историја во клупскиот фудбал, ако вечерва триумфира со Рома во финалето на Конференциската лига ќе стане првиот тренер кој ги освоил сите натпреварувања на УЕФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рома во финалето ќе игра против холандски Феенорд. Финалето се игра во Тирана, а пред натпреварот Португалецот се потсети на Суперкупот кој се играше во Скопје.

„Со Манчестер Јунајтед играв Суперкуп во Македонија. Градот доби одлична можност да организира Суперкуп и беше во еуфорија со денови, таков голем натпревар сега организира Тирана. Лесно можеше да се забележи дека тоа е важен момент за нив. Стадионот е навистина убав. Штета што капацитетот не дозволува поголем број навивачи, но среќен сум што играме овде“, изјави Мурињо.

„Ер Албанија“ на кој вечерва ќе играат Рома и Феенорд собира капацитет од 22.500 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…