Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата вчера го победи Манчестер Сити со 3:1 и направи голем чекор кон титулата шампион.
Головите за „црвените“ ги постигнаа Фабињо (6), Салах (13) и Мане (50). Почесниот гол за Сити беше дело на Бернардо Силва во 77-та минута. Ливерпул со оваа победа се издвои на првата позиција и на најголемиот ривал Сити му побегна на големи девет бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот и ситуацијата во Премиер лигата после натпреварот ја искоментира Жозе Мурињо кој смета дека трката за титулата е завршена.
„Гвардиола и Сити веројатно не мислат дека е завршено, но тие се внатре и гледаат начини на кои можат да дојдат до титулата. Но, јас од тука од студиово мислам дека е се завршено. Освен ако не се случи некоја драматична ситуација со повреди кај Ливерпул. Сега само една работа може да го спречи Ливерпул да ја освои титулата, а тоа се повредите“, изјави Мурињо.