Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо ги коментираше шпекулациите за евентуалниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ.
„Специјалниот“ го донесе Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед во 2016 година, но сега ја отфрли можноста за трансфер, со образложение дека веќе го има Хари Кејн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Ибрахимовиќ му заврши договорот со ЛА Галакси и сигурно ќе се врати во Европа, а за него интерес покажуваат неколку клубови, пред се од Италија.
„Имам одлични односи со него. Тој е неверојатен играч и исклучителен човек, нема да кажам дека не постои никаква шанса да дојде во Тотенхем. Ние веќе го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Кејн е еден од тројцата најдобри напаѓачи во Европа. Нема смисла да го доведеме Златан кога веќе го имаме Хари“, изјави Мурињо.