Челниците на Бразилската фудбалска федерација се во потрага по нов селектор, а прва желба е Жозе Мурињо.
Последните информации од Бразил се дека Федерацијата стапила во контакт со Жозе Мурињо, кој има договор со Рома до 2024 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилците му понудиле да ја заврши сезоната како тренер на Рома, а потоа да седне на кормилото на репрезентацијата.
Доказ дека Мурињо е многу блиску до селекторското место е изјавата на Карлос Алберто, поранешниот фудбалер на Порто и репрезентативец на Бразил.
„Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил, убеден сум во тоа. Ова можам официјално да го кажам затоа што ме замоли да му бидам помошник во стручниот штаб“, изјави Алберто.