Дома Фудбал Мурињо потврди: Бил најголемата желба на Португалците за нов селектор

Мурињо потврди: Бил најголемата желба на Португалците за нов селектор

Жозе Мурињо потврди дека Португалците сакале тој да им биде селектор по заминувањето на Фернандо Сантош.

Се пишуваше дека Португалија испратила понуда до Мурињо, а сега тоа го потврди и самиот Жозе кој сепак сакал да го испочитува договорот со Рома.

„Тоа што претседателот на Португалската фудбалска репрезентација дојде и ми кажа дека јас не сум негов прв, туку единствен избор ме прави навистина горд.

Сепак, одлучив да не ја прифатам понудата и да продолжам во Рома“, изјави Мурињо по вчерашниот натпревар од Купот на Италија во кој Рома славеше 1:0 против Џенова.

Инаку, пред два дена Португалците официјално за нов селектор го промовираа Роберто Мартинез кој по Светското првенство ја напушти клупата на Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го посакува Бецвиновски, пред младиот напаѓач е светски тест со Австралија

Лук Бецвиновски е во плановите на Македонија, но следниот репрезентативен предизвик го чек…