Дома Фудбал Мурињо потврди: Алексис е “out“

Мурињо потврди: Алексис е “out“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди денеска дека клубот подолго време нема да смета на чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез.

Алексис ја повреди задната ложа на вчерашниот тренинг. Веднаш започна со процес на поравување, но менаџерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо тврди дека процесот ќе биде долг.

„Има прилично незгодна повреда. Не сакам ништо конкретно да зборувам колку ќе биде отсутен, но од различни искуства би рекол дека оваа година нема да игра.“

Алексис не се изнаигра оваа сезона во ПЛ, па во 10-те настапи постигна само еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ја урна Франција по 64 години – во Брисел ќе се решава за врвот

„Аѕурите“ со пресврт славеа со 3-1 на „Сан Сиро“ и го презедоа првото место. Победа над Бе…