Дома Фудбал Мурињо после поразот: Не сум воопшто изненаден

Мурињо после поразот: Не сум воопшто изненаден

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде интересна изјава после синоќешниот пораз од Валенсија во ЛШ.

Мурињо после натпреварот рече дека ништо што видел на синоќешниот натпревар не го изненадило.

„Ништо не научив од овој натпревар, ништо што се случи не ме изненади.“ – започна Мурињо и додаде:

„Не сум задоволен од играта. Пред натпреварот на играчите им реков дека ако ние победиме и Јувентус победи ќе го завршиме нашиот дел од работата. Ако ние не победиме и Јувентус не победи, тогаш можеме да сме виновни сами.“

Манчестер Јунајтед на крајот заврши како втор во оваа група и со сигурност ќе добие тежок противник во осмина финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џозеф пред ново заминување од Лидс: Мајорка сака позајмица, Англичаните поставуваат услов

Матео Џозеф би можел повторно да заигра за Мајорка во јануари, но двата клуба имаат различ…