Дома Трансфер зона Мурињо планира две засилувања од Реал Мадрид

Мурињо планира две засилувања од Реал Мадрид

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо планира во зимскиот преоден рок да го засили тимот со двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за дефанзивецот Начо и за плејмејкерот Дани Себаљос, пренесува „Марка“.

Римскиот клуб добро ја започна сезоната, но во последните недели запиша неколку порази, па Мурињо јавно побара од раководството да биде засилен тимот.

„Специјалниот“ сака да ја засили одбраната и средниот ред и први на листата желби се двајцата фудбалери на Реал Мадрид.

Себаљос оваа сезона нема запишано ниту една минута настап, бидејќи се опоравува од повредата, додека Начо често добива шанса кај Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…