Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо пак се правда: Лајпциг победи против тим во проблеми

Мурињо пак се правда: Лајпциг победи против тим во проблеми

Toтенхем вчера доживеа пораз од 3:0 во реваншот од осминафиналето во Лигатана шампионите, па Лајпциг со вкупни 4:0 ги елиминираше Англичаните и се пласираше во четвртфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо по поразот повторно се правдаше со „тенката“ клупа.

„Прво сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи што дојдоа да не поддржат во оваа тешка ситуација. На теренот секако дека победи подобриот тим. Лајцпиг беше на највисоко ниво против тим во проблеми каков што сме ние. Вчера бев оптимистичен, но тоа беше така затоа што морав да бидам таков. Тешко ми е да зборувам за повредите, меѓутоа за друго не можам да зборувам затоа што другите работи се последица на повредите“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…