Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо призна дека очекува лоши вести околу повредата на Хари Кејн.
Најдобриот голгетер на „спарси“ предвреме го напушти теренот протов Саутемптон во првиот натпревар од 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не знам со сигурност, можеби денес покасно ќе има вести. Но, ако ме прашате какво е моето претчувство, ќе ви кажам дека очекувам лоши вести. Поради начинот на кој самиот играч го напушти теренот. Не му требаа ни две секунди за да сфати колку е тешка ситуацијата“, изјави Мурињо.
Мурињо потврди дека Кристиан Ериксен ќе игра на мечот против Мидлсборо во недела, но не знае дали Данецот ќе остане во клубот и после завршувањето на зимскиот трансфер период.