Жозе Мурињо дефинитивно е еден од најдобрите тренери во светот.
Португалецот во својата кариера освои многу титули, па така одигра и огромен број на тензични натпревари во кој се соочи со голем притисок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Мурињо можеби по малку изненадувачки најтежок натпревар бил оној од финалето на Купот на Уефа каде што како тренер на Порто играше против Селтик.
„Финалето од Купот на УЕФА не е најголемата победа или најголемата радост, но со сигурност ви тврдам дека тоа за мене беше најтешкиот натпревар. Кога натпреварот заврши мислев дека сум готов. Тоа беше премногу стресен натпревар. После тој натпревар играв три европски финалиња и освојував титули низ Европа но никаде тензијата не можам да ја споредам со онаа од тој натпревар“, откри Мурињо.
Во таа 2003 година Мурињо триумфираше во Купот на УЕФА, а една година подоцна исто така со Порто стигна до титулата во Лигата на шампионите.
https://youtu.be/mvPNakjRQyw