Дома Трансфер зона Мурињо откри како го донесе Матиќ на „Олд Трафорд“

Мурињо откри како го донесе Матиќ на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо откри за англиските медиуми дека бил изненаден кога ова лето му било понудено да го доведе Немања Матиќ, тогаш играч на големиот ривал Челзи.

Португалскиот стратег не пропушти таква шанса и го доведе Матиќ за 45 милиони евра, а Србинот сеа е незаменлив во неговиот тим. Во досегашните 10 кола од Премиер лигата српскиот репрезентативец ги помина сите минути на терен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Бев изненаден кога агентот на Матиќ ми се јави и ми рече: Дали го сакате? Бев изненаден, но тоа е агент кој добро го познавам. Директен е и објективен, не губи време. Не е тип на агент кој се обидува да ги искористи луѓето за да му ја подобри ситуацијата во клубот на својот клиент. Веднаш откако ми го понуди јас му одговорив: Да, нормално дека го сакам“, открива Мурињо.

Матиќ во два наврати беше член на Челзи, од 2009 до 2011 година, а потоа токму Мурињо го врати на „Стенфорд Бриџ“ во 2014 година, кога стана клучен играч на „сините“.

Матиќ овој викенд повторно ќе се врати на „Стенфорд Бриџ“ во дербито од 11-то коло од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…