Дома Фудбал Останато Мурињо остана со поткусени ракави: Неговата голема желба, ќе замине во француската престолнина

Мурињо остана со поткусени ракави: Неговата голема желба, ќе замине во француската престолнина

Како што пренесуваат француските медиуми, поливалентниот фудбалер се наоѓа близу преселба на „Паркот на принцовите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бразилецот Фабињо блескаше изминатата сезона во дресот на „Кнежевите“, кои ја воодушевија Европа, се пласираа во полуфиналето во ЛШ и ја освоија француската Лига 1.

Сепак, тој е еден од ретките кои преку летото останаа во клубот, и покрај тоа што голем интерес за неговите услуги покажа и Манчестер Јунајтед.

Беше Бразилецот пред преминување на „Олд Трафорд“, но на крајот сепак остана на стадионот „Луј Втори“.

Ова лето сепак е друга приказна, тешко Монако да успее да го задржи фантастичниот Бразилец, а според пишувањата на француските медиуми, ПСЖ моментално е најблиску до неговиот потпис.

Парижаните повторно испаднаа во осминафиналето во ЛШ, цената веројатно ќе ја плати тренерот Унаи Емери, а јасно е дека управата ќе се обиде да го засили ростерот со квалитетни засилувања.

Според „Канал +“, веќе во текот на април Фабињо би можел да го договори својот трансфер во редовите на тимот од престолнината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …