Жозе Мурињо е силно заинтересиран за двајцата дефанзивци на ПСЖ, Тиего Силва и Томас Муние, пренесуваат медиумите на Островот.
ПСЖ официјално потврди дека нема да бидат продолжени нивните договори, па двајцата ќе бидат слободни агенти ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересот за Тиаго Силва и Муние е огромен, но Мурињо лично разговарал со двајцата и ги убедил да се преселат во Тотенхем.
Мурињо смета дека Бразилецот ќе биде идеална замена за Вертонген, кој ова лето ќе го напушти Тотенхем.
Муние беше дел од белгискиот тим на СП 2018 кој го осво третото место, па за него интерес покажуваат уште Ливерпул и Арсенал.
Тотенхем веќе ги започнал преговорите со двајцата дефанзивци и е на добар пат да ги комплетира трансферите.