Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо рече дека нема да именува нов асистент до крајот на сезоната бидејќи постои можност таа позиција во иднина да ја завземе Мајкл Керик.
Жозе Мурињо нема да именува нов асистент веднаш, откако Руи Фарија го напушти Јунајтед после ФА купот овој викенд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Место се отвара за Мајкл Керик, кој ќе ја заврши кариерата по крајот на оваа сезона и ќе се приклучи на тренерскиот тим.
„Нема да имам помошник. Ќе го организирам својот стручен штаб на начин каде не постои асистент. Ќе имам тренери кои се специјализирани за одредени области, ќе имаме аналитичар, но нема да постои асистент менаџер во таа смисла. Никој не може да го замени Руи после 17 години, не постои таков човек во светот на фудбалот.“ – изјави Мурињо.
Фарија, според некои медиуми е еден од кандидатите за наследник на Арсен Венгер во Арсенал.