Португалецот Жозе Мурињо е без ангажман откако на крајот од минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Епизодата на Олд Трафорд не беше многу успешна за португалскиот стратег, на кој во декември му беше врачен отказ, но и покрај тоа за „Специјалниот“ интересот е огромен, се повеќе клубови се поврзуваат со него.
Сепак, Мурињо за странските медиуми изјави дека нема да брза, дека понудата која ќе ја дојде мора да биде ‘вистинска’, а за сега единствено е познато дека не го интересира селекторската работа.
„Да бидеш селектор е нешто специфично. Јас сакам секојдневна работа, многу натпреварувања и натпревари. Сакам да останам на клубската сцена.“ – порача Мурињо.
Исто така, Мурињо откри дека веќе одбил три-четири понуди и дека на тренерската работа планира да се врати ова лето.
Да потсетиме, Мурињо до сега покрај Јунајтед го водеше Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика. Во сите лиги ги освои трофеите.