Дома Фудбал Останато Мурињо нема дилеми кој е најдобар фудбалер во историјата

Мурињо нема дилеми кој е најдобар фудбалер во историјата

Ниту Жозе Мурињо не можеше да не го добие прашањето кое се однесува на во овој момент двајцата најдобри фудбалери во светот Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Кој е подобар, кој ви е повеќе драг?

Точно, Мурињо на прашањето кој е најдобар фудбалер во историјата својот глас го даде за трет фудбалер.

„Најдобар во историјата е Роналдо. Бразилскиот феномен“, изјави Португалецот.

„Никој него не може да го надмине. Тука мислам на талентот и способностите“, додаде тренерот на Тотенхем.

Неодамна Мурињо ги избра најдобрите 11 кој ги тренирал.

Тимот гласи вака: Чех, Занети, Тери, Карваљо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …