Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го коментораше резултатот од финалето на Мундијалот помеѓу Франција и Хрватска (4:2).
„Французите одиграа одличен турнир и на патот кон финалето изгледаа многу солидни. Победија и во финалето, па останува само да му честитаме на тимот на Дешамп за постигнатото“, истакна Мурињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хрватите изгледаа многу растроени. Најдобриот тим загуби во финале и според мене тоа се должи на грешка во концепцијата на користење на ВАР системот. Судијата треба да го употребува ВАР само во екстремни случаи. Таков случај немаше во финалето“, додаде Мурињо алудирајќи на досудениот пенал.