Манчестер Јунајтед сензационално влезе во трката за потписот на играчот на Барселона, Андре Гомеш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Евертон, а „карамелите“ се спемни да платат 40 милиони евра за да го откупат неговиот договор.
Меѓутоа, после добрите партии во Премиер лигата во трката за неговиот потпис влезе и Манчестер Јунајтед, кој сега е во предност поради добрите односи со неговиот агент, Жорге Мендеш.
25-годишниот играч за врска готово сигурно нема да се врати во Барселона каде се мачеше со формата и не добиваше голема минутажа.
„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со Жозе Мендеш и ги договориле сите услови, а Барселона од трансферот ќе инкасира 40 милиони фунти.
Истата сума е спремен да ја плати и Евертон, но Гомеш преферира преселба на „Олд Трафорд“.