Дома Фудбал Мурињо: Колку што знам јас, никој повеќе не доаѓа!

Мурињо: Колку што знам јас, никој повеќе не доаѓа!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо најверојатно ќе остане без посакуваното засилување во одбраната.

Денес е последен ден од преодниот рок во Англија, а Мурињо јавно истакна дека не нема да пристигне нити едно ново засилување до затворањето на преодниот рок.

„Не сум убеден дека ќе има нови засилувања. Пазарот затвора денес, па затоа е време барем јас да престанам да мислам на него. Треба да се фокусирам само на фудбалерите на кои ќе можам да сметам во првите три натпревари, бидејќи по дуелот со Тотенхем ќе има пауза за националните тимови и јас ќе имам две недели, во кои ќе можам да ги подготвам сите подобро. Дали ќе се случи нешто пред затворањето на трансфер прозорецот? Моите информации е дека нема да се случи ништо“, изјави Мурињо.

Португалецот додаде дека денес ќе разговара со оние играчи кои штотуку се вратија откако добија подолг одмор откако учествуваа на Светското првенство. Тоа се Пол Погба, Џеси Лингард, Ромелу Лукаку, Ешли Јанг и Маруан Фелаини. По разговорот со нив, Мурињо ќе дознае кој е подготвен да учествува во утрешниот натпревар против Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…