Дома Топ вести Мурињо имал идеја, Јунајтед одбил – Ќе жалат ли „ѓаволите“?

Мурињо имал идеја, Јунајтед одбил – Ќе жалат ли „ѓаволите“?

mourinho

Дали Манчестер Јунајтед ќе жали, Жозе Мурињо сеуште не се огласил…

Наводно, Жозе Мурињо после пропаднатите преговори со Иван Перишиќ и неуспехот да го убеди Реал Мадрид да го пушти Герет Бејл на „Олд Трафорд“, имал нова идеја, Ријад Марез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алжирецот беше поврзуван со Рома, но од Рим го проценија како прескап, па се откажаат. Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо ја убедувал управата на Манчестер Јунајтед да влезе во преговори за Марез, но како и од Рома, така и во Јунајтед, сметаа дека тој е прескап.

Имено, Лестер за фудбалерот кој пред две години беше најдобар фудбалер во Премиер лигата бараше 60 милиони евра, а таа сума ниту еден клуб не сакаше да ја плати.

Марез имаше желба да го напушти „Кинг Пауер“, но „лисиците“ беа упорани во своите барања.

„Тој сака да замине во поголем клуб, ако пристигне адекватна понуда ќе го пуштиме да замине. До тогаш останува тука“, изјави менаџерот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…