Стратегот на Манчестер Јунајтед ги откри плановите.
Американските и островските медиуми утрово пренесуваа вест дека Лос Анџелес Галакси и Златан Ибрахимовиќ ги обновиле преговорите за преселба на Швеѓанецот преку Атлантикот, како и дека спонзорите се спремни да ги покријат огромните примања на славниот фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дека нешто навистина се случува потврди и Жозе Мурињо на кого Ибрахимовиќ не му значи многу оваа сезона, посебно не кога сега Санчез е тука. Португалецот за медиумите одлучи да го прокоментира евентуалниот трансфер на напаѓачот.
„Не ми кажал ништо, се што знам за тој трансфер е од медиумите. Златан лично не ми кажал ништо, па така не можам да ви кажам нешто повеќе. Тој е во последната година од договорот и ако навистина сака да замине во друг клуб спремни сме да му помогнеме, не би сакале да му ги отежнуваме работите“, изјави Мурињо.
Покрај Швеѓанецот на конференцијата се зборуваше и за Маруан Фелаини на кого исто така договорот му истекува на лето.
„Тој е важен фудбалер за нас. Голем професионалец кој дава се од себе за да му помогне на тимот. Постои голема желба од моја страна како и од страна на клубот тој да остане тука. Верувам дека и тој го посакува истото“, заврши Португалецот.