Дома Фудбал Останато Мурињо: За Севиља финале е нормална работа, за Рома е историски меч

Мурињо: За Севиља финале е нормална работа, за Рома е историски меч

Мурињо на пресконференцијата пред утрешното финале во Лига Европа истакна дека ова е исклучителен натпревар за Рома.

„Патот до финалето беше долг и многу поразличен од оној на нашите противници, кои на турнирот влегоа од Лигата на шампионите. Одигравме 14 натпревари за да стигнеме тука. Заслуживме да играме во ова финале и доаѓа моментот на одлука“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Велам дека историјата не игра на терен, мојот колега Мендилибар мисли спротивно и смета дека Севиља е фаворит, и јас тоа го почитувам. За Севиља финале на Лига Европа е нормална работа, а за  нас историски успех. Но утре кога ќе започне натпреварот, двете екипи почнуваме од нула“, изјави Мурињо, кој потоа проговори за својата иднина.

„Не сум зборувал со ниту еден друг клуб. Немало никакви преговори. Вистината за мојата иднина му ја кажав на мојот тим, но тоа е нешто што останува меѓу мене и тимот. Тие знаат што ќе направам“, истакна Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…