Дома Фудбал Мурињо за пресметката помеѓу Лорис и Сон: Тоа е прекрасно!

Мурињо за пресметката помеѓу Лорис и Сон: Тоа е прекрасно!

Големо внимание во англиските медиуми вчера привлече пресметката помеѓу Сон и Лорис на натпреварот Тотенхем – Евертон.

Дуото од Спарси за малку физички ќе се пресметаше за време на полувремето на натпреварот, но соиграчите навремено реагираа и спречија контакт меѓу Лорис и Кореанецот.

После натпреварот Жозе Мурињо не можеше да го избегне прашањето од новинарите за судирот на своите фудбалери.

„Тоа е прекрасно. Веројатно тоа е последица на нашите состаноци. Ако некој сакате да го обвините за тоа, тоа сум јас, бидејќи ги критикував жестоко.Тоа го направив бидејќи, според мое мислење, не доволно се критикуваат едни со други.“ – изјави Мурињо и додаде:

„Побарав од нив да бараат повеќе едни од други, да извршат притисок на тимскиот дух, сите да дадат максимум за секој.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…